Марино: Белгијците откажаа, и Премиер лигата ќе го направи истото!

фото: твитер

– Само се надевам дека ќе можеме да уживаме во фудбал после коронавирусот – вели спортскиот директор на Удинезе, Пиерпоало Марино.

Со оглед на тоа што Удинезе и Ватфорд се наоѓаат во сопственишто на семејството Поцо, Марино преку сигурни извори тврди дека Премиер лигата ќе биде откажана поради сериозната ситуација со коронавирусот.

Белгијците веќе ја откажаа сезоната, без оглед на опомените од УЕФА. Во Англија, Премиер лигата ќе излезе со исто соопштение, бидејќи ситуацијата е навистина сериозна. Само се надевам дека ќе можеме да уживаме во фудбал после коронавирусот. Сите сакаме повторно да си биде нормално. Воедно загрижен сум и за наредната сезона, не само за тековната – рече Марино.

Но, после опомените од УЕФА, Белгијците повторно ќе разговараат и можно е да ја променат својата одлука.

Во меѓувреме клубовите од Англија бараат решенија да ја завршат сезоната со цел да се намали загубата на финансиски план колку е тоа можно поради што изјавата на Марино треба да се земе со „резерва“.

Инаку, Ватфорд е во опасната зона скоро цела сезона, затоа можеби и не чуди зошто семејството Поцо повикува на поништување на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот