Марина Туцаковиќ за болеста и што најмногу ја боли: Порано ми се јавуваа, сега…

Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ, која со години се бори со ракот, гостувала во една емисија и по тој повод ја открила нејзината состојба, но ги сумирала и нејзиниот живот и кариерата, пишува „Курир.рс“.

– Пишувам, но помалку откако се разболев. Многу работев во животот, од друга страна, мене овој полуодмор и ми одговара – ја започнала исповедта Марина.

Таа многу нешта направила и на многумина им помогнала.

– Некако тие секогаш ми се јавуваа, јас едноставно работев за луѓе коишто тоа го бараа од мене. Сонував да работам за Цеца и тоа и се случи. Мојот најголем успех е тоа што успеав, без оглед на сите хитови, подеднакво да уживам во туѓите текстови и песни. Некои туѓи текстови понекогаш ми изгледаат многу подобри од моите, ете на тоа сум горда. Од Џибони, Бајага, Бора – додава Марина.

Туцаковиќ открила на која песна е најгорда во нејзината богата кариера.

– Најмногу сум горда на „Кукавица“, тоа беше навистина генијално, горда сум и на „Што беше тоа љубов“ – додава Туцаковиќ.

Во оваа пригода таа открила со кого разговара приватно од сцената и кој ѝ се јавува за да провери како е.

Порано сите ми се јавуваа, а сега одвреме-навреме некој ми се јавува. Секогаш ме јавуваат оние од помладата генерација, Милица Тодоровиќ, Милица Павловиќ, тоа се деца со кои малку работев, секогаш ме прашуваат како сум, дали ми треба нешто и тоа ме прави посреќна отколку да ми бараат текст.“

Instagram

Оваа песна ја смета за најголем хит во својата кариера.

– „Зора е“ од Неда Украден имаше европска кариера, заработивме најмногу од таа песна – открива Марина.

Постојат многу шпекулации за нејзината автобиографија, а еве што вели таа.

– Не знам дали сме подготвени за книга, немам нерви. Доста пишував – заклучила Марина Туцаковиќ.

За крај, Марина рекла како се чувствува.

– Дека сум добро, не сум добро сигурно. А, не сум ниту лошо. Одам на тие терапии, морам тоа да го истуркам, па ќе видиме. На овие промени на времето се чувствувам полошо – рекла Марина.

Открила и дека се лекува на Институтот за онкологија.

Марина рекла дека била во Германија за вакцина, но дека се лекува во Србија. Исто така, истакнала дека ја погодува тоа што познатите не ѝ се јавуваат, но и дека сопругот ѝ е најголема поддршка. Се осврнала и на периодот којшто го поминала во болница.

– Во болницата жените ме мотивираа, ми дадоа сила, јас знам дека ним им значи дека една Марина се бори со нешто со што и тие се борат – рекла Марина во Премиера – Викенд специјал.

youtube
Принтскрин / Youtube

Не се откажав од алкохол – не сакам ракот да биде целиот мој свет: Марина Туцаковиќ се бори со тешката болест, ама од пороците не се откажува

ВИДЕО | Марина Туцаковиќ прозборе за искуството со тешката болест: Mорам да се движам со количка, имам секакви проблеми, ама не се плашам

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот