Марина Туцаковиќ поминува низ хемотерапија – Искрено, не се чувствувам подобро!

Instagram
Марина Туцаковиќ / Фото: Принтскрин / Instagram

Најпознатата српска авторка на музички текстови претходно призна дека лекувањето и е скапо и тешко. Многу и значи поддршката од семејството, а борбата со подлата болест ја опиша како процес кој мора да го пројде…

Марина Туцаковиќ (67), најпознатата српска авторка на музички текстови, со години се бори со ракот. За српските медиуми таа зборуваше за својата здравствена состојба и како моментално се чувствува.

„Искрено, онака. Поминувам низ хемотерапија и ќе видиме што ќе биде. Искрено, не можам да кажам дека се чувствувам подобро. Не размислувам за тоа како се чувствувам во психолошка смисла, некогаш сум оптимистична, а некогаш не“, изјави Марина.

Youtube
Принтскрин / Youtube

Важна ѝ е поддршката од семејството, но вели дека веќе се навикнала на оваа борба.

„Кога се чувствате лошо, никој и ништо не може да ви помогне. Тоа е процес кој мора да се помине“, додаде таа.

Instagram
Марина со Јелена Карлеуша / Instagram

Марина изјави дека пандемијата на коронавирусот лошо влијаела на нејзините финансии. Па призна дека лекувањето ѝ е тешко и скапо, но благодарение на приходите кои ги остварува од авторските права успева некако да исплива на површина.

Туцаковиќ наведе дека пријателите и соработниците ѝ понудиле помош кога се разболела и дека поради тоа им е многу благодарна.

Instagram
Марина со Жељко Јоксимовиќ / Instagram

„Не знам какви се туѓите приходи во оваа ситуација, но моите се навистина скромни. Не сакам да барам помош, бидејќи сите мои соработници сега се во незавидна ситуација“, заклучи Марина.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот