Марија Оршиќ, БОЖИЦАТА НА ЗЛОТО на Третиот рајх, која се допишувала со Никола Тесла (ФОТО) – Слободен печат
ЖенаМагазин

Марија Оршиќ, БОЖИЦАТА НА ЗЛОТО на Третиот рајх, која се допишувала со Никола Тесла (ФОТО)

Се верува дека имала клучна улога во формирање на идеологијата на Третиот рајх и нивниот главен симбол – свастиката.

Според податоците на луѓето кои се занимавале со оваа мистериозна жена, Марија уште од мала имала страст кон окултни работи, па уште од детството наводно комуницирала со духови. Нејзиниот татко бил загребски архитект, а нејзината мајка Австријка. Како млада девојка се приклучила на круговите на германските националисти кои се залагале за обединување на Германија и Австрија.

Ја нарекуваат „Божица на злото“ оние кои и покрај сите докази и факти кои го зборуваат спротивното, се убедени дека Хитлер бил окулист, а сето тоа го базираат на скоро налудничавите тврдења кои наводно доаѓале токму од неа. Се верува дека имала клучна улога во формирање на идеологијата на Третиот рајх и нивниот главен симбол – свастиката.

Related image

Во 1919 година во колибата на Алпите, која подоцна ќе стане резиденција на Хитлер, Хаусхофер, водачот на друштвото „Туле“ чии ставови, размислувања и делување се вградени во самите темели на нацистичкиот режим, пред присутните претставил две млади жени. Едната била многу молчалива и имала едвај 18 години, а од некоја причина нејзиниот идентитет останал тајна. Се претставила како „Зигрун“. Другата жена била Марија Оршиќ.

Освен што биле преубави, двете имале долга коса. Марија имала сини очи и коса која според приказните, допирала до земјата. Таа наводно сметала дека толку долгата коса ѝ делува како „антена“ кон другите димензии. Хаусхофер таа ноќ ги претставил како женски психички медиуми меѓу световите. Марија се прославила во окултните кругови со тврдењата дека стапила во контакт со ариевските вонземјани кои живеат на Алфа Кентаур во системот Албадеран.

Некои од нејзините комуникации биле во форма на текст, пишувани со нејзина рака додека била во „транс“ на темпларска и сумеријска алфабета. Со овие тврдења дошле до шокантни заклучоци и инструкции – како да се направи антигравитационо летало. Марија објаснила дека списите се подарок од цивилизација од Албадеран, како и дека машината работи со помош на енергија која се вика врил.

Related image

Една од способностите на оваа машина било и патувањето низ времeто.

Познато е и дека Марија се допишувала со Никола Тесла, а ги спојувало интересирањето и откритијата во врска со НЛО и контактите со вонземјаните.

Третиот рајх очекувал од Марија со помош на жителите на системот Албадеран да го прочисти населението на Земјата и дефинитивно да ја устоличи ариевската раса на Земјата. Поверувале во нејзиното тврдење и одлучиле финансиски да го поддржат проектот за изградба на машината.

Било планирано на Албадеран да се испрати големо транспортно летало ВРИЛ 7, кое може да лета со брзина на светлината. Експериментот е изведен кон крајот на 1944 година и за малку катастрофално ќе завршел, бидејќи после краткиот лет ракетата ВРИЛ 7 била оштетена на неколку места и „изгледала како да летала стотици години“.

Како последно „јавување“ на Марија Оршиќ се наведува датумот 11 март 1945 година, по што таа исчезнала. Документот „Vril Gesellschaft“ (писмото од Марија Оршиќ) им бил пратен на сите членови.

Писмото се завршува со: “Niemand bleibt hier” (Никој не останува овде“).

Марија во 1945 година имала 50 години.

Едно од тврдењата е дека Американците ја земале поради тајни операции и дека таму се омажила со богаташ и ја родила ќерката Јоланта Рафа.

Како и да е, може да се заклучи дека Марија Оршиќ имала интересна животна приказна која поставува многу прашања без повратен одговор. Како единствена реалност во врска со неа остануваат само нејзините фотографии.

По емитувањето на последната епизода од серијата „Сенки над Балканот“ сите го поставуваа истото прашање: Која е мистериозната Марија Оршиќ?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close