Марија Лазиќ Живковиќ: Тоше Проески со своите зборови го обележа почетокот на мојата кариера

Тоше беше најдобар амбасадор на Македонија во секоја смисла на тој збор, со него имав прекрасно пријателство кое го памтам и денес, вели Марија.

Згодната новинарка и водителка Марија Лазиќ Живковиќ , откако ги напушти „Свет“ и Тв Пинк каде беше препознатлива со емисиите Точно на пладне, Кралеви на стилот, Топ спид и Голд, ја води онлајн емисијата „GossApp” која се емитува на апликацијата Pockettv . Во оваа емисија гледачите ги испраќаат своите прашања до ѕвездите, па следуваат одговори. Емисијата е популарна во повеќе балкански земји, а особено во дијаспората која може бесплатно да ја гледа. 

Се породи пред само три месеци и повторно си во топ форма, како ти успева?

– До пред неколку години не водев грижа за здравата исхрана и правев сè што не треба: го прескокнував појадокот, избегнував месо, јадев среде ноќ…Меѓутоа, секогаш ги сакав житарките и снегулките и почнав да експериментирам со здрави рецепти, а тоа ми се допадна. Со оглед на тоа дека не сакам слатки, единствена грижа ми беше како во текот на бременоста од исхраната да го исфрлам прекумерното грицкање на солените оревести плодови кои иако се здрави, содржат доста сол што ја врзува водата, особено во бременост.

Марија во бременоста

Но имам среќа, а не се вели напразно „друга состојба“ па така речиси преку ноќ сè што е нездраво почна да ми пречи. Организмот ми бараше зеленчук, а сè сосема малку зачинето па така најмногу јадев брокули и домати и неиндустриска храна. Купив гумени ленти со кои, додека гледав филм или серија, тренирав. Ако бременоста е здрава и без проблеми, предлагам нормално однесување. Не сакам размазување ниту било каков вид немоќ, бев многу активна, патував, дури и во Америка, доста шетав и бев многу позитивна и растоварена. За психата е многу важно да не ги слушате жените кои се паничарки. Добрата енергија и работа на себе е клуч блажената состојба во бременоста да биде таква во вистинска смисла на зборот.

Како те промени мајчинството?

– Илјада проценти на подобри. Иако сум многу смирена и сталожена, бебето ме научи на трпение. Кога имате толку сакан мал учител ништо не е тешко и никаква жртва не е голема покрај нејзината насмевка. Енергијата е клуч, зашто бебето сè впива. Моето бебе е мирно, мила е и насмеана, и речиси не плаче. Разговарам со неа, зборувам од првиот ден, ѝ пуштам музика наменета за развој на бебиња, и секој ден во неа наоѓам некој нов универзум. Се восхитувам на континуираниот развој и на чудата на тоа мало битие.

Како ти минува денот со бебето во изолација?

– Искрено, јас сум во своевремена самоизолација со години наназад па така ова не ми паѓа тешко. Своевремено се свртив кон семејството и кон малиот број на избрани пријатели, а деловните контакти ги сведов на одбран минимум доволен и понатаму да работам квалитетно, но веќе да не ја живеам работата. Секако, новинарката во мене и понатаму е присутна 24/7, но повеќе професијата не ми е стрес. Со мало бебе постојано имам работа околу неа, и ми изгледа дека сум во вртлог на еден ист ден, а сепак, секој е посебен и поинаков зашто Валерија одново ме изненадува и воодушевува колку бргу се развива и учи.

Бебе и куче, како функционираат заедно?

– Ја имам Фифи, француска пудлица, а пудлиците по правило се многу интелигентни. Малку бев загрижена како кучето ќе го дочека новиот член, но за сега е прилично рамнодушен. Важно е во новонастанатата ситуација ни љубимецот да не се почувствува запоставено и воопшто да не се појави љубомора, па така за сега сè е под контрола.

Животот меѓу четирите ѕида наметнува нови правила, што најмногу те нервира и ограничува?

– Дефинитивно најмногу ми недостигаат родителите, потоа социјализацијата во смисла на гледање со пријателите и патувањата. Поради природата на работа на мојот сопруг се навикнав на секои месец-два да отпатуваме некаде и како вистински туристи во потполност да истражиме некој нов град, земја. Ние сме оние најкласични туристи, не одиме по ресторани ни дискотеки, туку со ранци на грбот пропешачуваме километри од новиот град додека му ја запознаеме душата. Сакам да се изгубам во новиот град, и да го доживеам во целост.

Тераш ли мода во домашна атмосфера?

– Во првите денови на изолација менував само пижами и многу уживав во тоа. Но откако сфатив дека ова ќе потрае, се откажав од тој виде препуштање па сега уживам во мачкање и разноразни пакувања од домашната работилница. За некое терање мода немам многу време, зашто сега иако се чини дека имаме премногу време, всушност го немаме, зашто нема никаква помош од страна. Додека го обавам обавезното околу бебето, да ја средам куќата, да спремам оброци, ми останува таман толку време колку за читање книга или за унапредување на странски јазик, тоа е далеку покорнисно отколку да се модирам.

Што за тебе значи да се има стил?

– Пред сè треба да се направи разлика меѓу живот со стил и исфорсирани трендови. И сама често знам да паднам под ова второто влијание, но со текот на годините станав порационална кога е во прашање шопингот на трендовски крпчиња и облека. Избирам да купам нешто што не е сезонски моден императив, туку што ќе трае. И покрај тоа што сум болна шопингхоличарка кога се во прашања чевли и чанти, најмногу сум среќна кога ќе купам крпчиња на распродажба. Стилот не се парите, ниту скапите парчиња, дури често сме сведоци на лицата од јавната сцена кои имаат сè заедно, а дизајнерските парчиња се без стил, да кажам, смешни. Стилот е умешност да бидеш различен, неуниформиран, а сепак личен. Кога зборувам за стил на живот многу повеќе внимавам на тоа виното да ми е добро, разговорот да ми е умен и квалитетен, со звуци на шпанска гитара од Јутјуб кои ги будат дневните дози на хедонизам кој може да ми ја окрепне душата и сосема да ме надополни.

Со која Македонка би соработувала?

– За жал, во последните неколку години не сум соработувала премногу со јавните личности од вашето поднебје. Сепак, секогаш со радост и со доза на сета се сеќавам на соработката со покојниот Тоше Проески. Тој беше најдобар амбасадор на Македонија во секоја смисла на тој збор и со него имав прекрасно пријателство кое го памтам и денес. Безброј фантастични интервју-а, мудрите зборови на тоа прекрасно момче го обележаа на своевиден начин и почетокот на мојата новинарска кариера зашто тој тогаш беше ексклузивец на „BK saund”. Никогаш нема да заборавам една летна ноќ, по прославата остана мало друштво во еден белградски ресторан и кога сите музичари си заминаа, тој нѝ пееше стари македонски песни. Таа емоција и тој ангелски глас го помнам и денес.

Да добиеш милионче на лотарија, на што би го инвестирала?

– Без размислување на мојот сопруг. Сигурна сум дека тој од тој еден ќе направи барем десет.

Што прво би направила кога ќе пројде оваа ситуација?

– Ќе ја избакнувам мајка ми и силно ќе ја изгушкам. И ќе ѝ го дадам бебето на цел ден зашто знам дека неа и на татко ми најтешко им паѓа оваа одвоеност од внучката. Веднаш потоа, би отишла во дворот на мојот наргиле бар „Ложа“, би седела покрај реката, би го впивала сонцето и би го планира следното патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот