Маричиќ: Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош

Бојан Маричиќ
Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во својот говор на Конференцијата „Патот на жртвите од насилни кривични дела во правдата”, кажа дека со нов закон кој Владата го усвои пред неколку недели, жртвите на кривични дека во иднина ќе добиваат многу поголема правна заштита.

– Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на насилните кривични дела, времетраењето на постапката, доказите што треба да се обезбедат, видот на одлуката, и особено каков вид на казни им се изрекуваат на насилниците, се индикатори за општествената реакција. Преку подготовка на Закон за компензација на жртви од кривични дела со насилство, за првпат се воведуваат законски права на жртвите од кривични дела со насилство, истакна Маричиќ, информираат од неговиот кабинет.

Според министерот, целта за донесување на овој закон е да се обезбеди паричен надоместок на жртвите од кривични дела сторени со насилство како првична солидарна помош од страна на државата за нивното страдање, согласно начелото на општествена солидарност, но и да се спречи можна секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат во постапките пред институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот