Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја одбие понудата, подготвени сме за работни групи со опозицијата за уставните измени

Бојан Маричиќ во Брисел/Фото: Влада на РСМ

Понудата на премирот Димитар Ковачевски до опозицијата е јасна – веднаш да се гласа за потребата за отворање на Уставот, потоа да се формира и Влада во која ќе учествува и опозицијата, а потоа да се доврши процесот на уставните измени и да се заврши скрининг фазата, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Денеска опозицијата некако ретерира од ставот дека е за уставните измени за разлика од вчера. Ние сме подготвени уште веднаш да се формираат работни групи и тимови како да се имплементира оваа идеја, кажа денеска Маричиќ.

Тој додаде дека власта е подготвена да иницира и закон за преговорите со ЕУ, за сите да имаат сигурност дека нема да се задира во идентитетот.

ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја одбие понудената рака за соработка, ние уште денес би стапиле во комуникација дали може да се продолжат средбите, не мора да се на највисоко ниво, туку средби на какво било ниво. Понудената рака е великодушна од сите партии, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема причина да не гласа за уставните измени кои ни се толку многу потребни, истакна Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот