Маричиќ смета дека европската иднина конечно е во наши раце

Бојан Маричиќ во Брисел/Фото: Влада на РСМ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод годишнината од добивањето кандидатски статус на Северна Македонија за членство во ЕУ, вели дека после 17 години чекање денес сме земја преговарач со ЕУ, и сега сè е во наши раце.

-Далечната 2005 година добивме кандидатски статус за членка на ЕУ, а овој 17 декември Северна Македонија е земја која преговара со Европската Унија. Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето, порачува Маричиќ.

Како што вели тој, „поминавме 17 години успеси и падови, напредок и назадување на европскиот пат, но веќе немаме време за губење. Со јасен план и визија, зад која треба да застанеме сите, фокусирани на реформската агенда, мораме брзо да напредуваме во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ”.

Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето, тврди Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот