Маричиќ: Позитивните состаноци со Петков водат кон подобрување на односите со Бугарија

Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ / Фото: Скриншот, Јутјуб

Оваа прва посета по формирањето на новите влади во Бугарија и Северна Македонија го претставува новиот пристап во разговорите со меѓусебно уважување, отворен дијалог и проширен круг на темите. Таа нова енергија, која беше видлива и на прес конференцијата на премиерите Петков и Ковачевски сега треба да се прошири и стави во функција на конкретни чекори и мерки за нова динамика, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус” на ТВ21.

Тој додаде дека целта на новата динамика е да биде интензивна, продуктивна и да даде резултат во реален и видлив рок.

-Затоа договоривме уште во вторник да имаме заедничка меѓувладина седница во Софија. Таму ќе има сериозна бројка на министри од двете страни и ќе се формираат работните групи со што ќе се преземат конкретни должности и ќе се воспостави интензивна динамика на состаноци, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека тоа ќе донесе конкретни и видливи резултати за градење доверба и ставање пред граѓаните видливо подобрување на односите меѓу двете држави и градење на атмосфера за решавање на отворените прашања и тргање на блокадата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот