Маричиќ: Одржување чиста и здрава животна средина по ЕУ стандарди, со поддршка на европските фондови

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Обезбедена се опрема и возила за прибирање отпад во Источниот и Североисточниот плански регион преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Вредностa на овој проект e 3.597.440 евра, од кои 85 проценти се ЕУ средства.

– Мораме заеднички да ги менуваме навиките и по европски терк, во однос на складирање и селектирање на отпадот, да го решаваме проблемот со дивите депонии. Како Национален ИПА координатор останувам посветен на максимално искористување на ЕУ помошта преку Програмата ИПА за спроведување на реформите од клучните и приоритетни области, како и активностите кои произлегуваат од Зелената агенда, објави Маричиќ на Фејсбук.

Ова, појаснува, ќе овозможи да се оптимизира работењето на комуналните служби за навремено испорачување на комуналните услуги во корист на граѓаните и отпадот да се испорача до локациите наменети за одлагање отпад со што ќе се заштити средината од неконтролирано одлагање на отпад во согласност со стандардите на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот