Маричиќ: Наскоро почнува дигитализацијата на судството

Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Дигитализацијата е во завршна фаза и наскоро ќе почне опремувањето на првите судови низ државата, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на состанокот на работната група на земјите од Западен Балкан.

Маричиќ се осврна и на важноста и придобивките од дигитализацијата во земјите од Западен Балкан во олеснувањето и подобрувањето на пристапот до правдата за граѓаните од целиот регион.

– Заедничката дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ. Се очекува да донесе побрзи промени во однос на владеењето на правото, да помогне да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството, рече министерот Маричиќ.

Денешниот состанок на работната група составена од претставници на министерствата за правда од Западен Балкан има за цел продлабочување на регионалната соработка во поврзувањето на регионот, размената на искуства и поддршката процесот на дигитализација, која е од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот