Маричиќ : Наместо да инвестираме во палми и непродуктивни споменици, ги помагаме граѓаните и нивните проблеми

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук

Ние како СДСМ, како влада решивме наместо да инвестираме во палми, во непродуктивни споменици, кои блештат од корупција да инвестираме во луѓето и во нивните потреби, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на граѓанската трибина во Ресен под мотото „Најдоброто за нашата општина”.

Маричиќ нагласи дека сите политики што ги правиме имаат една цел, а тоа е да им помогнат на граѓаните и да ги решат нивните проблеми.

Затоа градиме праведни политики, за добро на граѓаните, подвлече Маричиќ, додавајќи дека во изминатиот период 11 ставки од извршувањето на извршителите се укинати како трошоци, рапидно се намалени и нотарските и извршителските трошоци, за 75% ги намаливме глобите и воведовме задолжителна опомена пред глобење на било кој граѓанин.

Со законот за отпис на камати на долгови, со кој се отпишуваат 10 милиони евра им помагаме на 150 000 граѓани, а пратениците на СДСМ во Собранието се борат за секој закон, кој треба да даде некаква поддршка и помош за граѓаните, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека има пратеници од опозицијата кои не знаат зошто одат на работа, пратеници од опозицијата кои не одат на работа, или одат само кога треба да блокираат нешто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот