Маричиќ: Многу врева за ништо околу посетата на Фигел на Орце Камчев во притворот во Шутка

Бојан Маричиќ, министер за правда/ Фото: Слободен печат

Вчерашната фама која поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел ја направи пред затворот Шутка каде инсистирал да влезе и да го посети притвореникот Орце Камчев, ја појасни министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во Утрински брифинг.

-Многу врева за ништо, има една драма од Шекспир. Мислам дека целата таа приказна е пренапумпана во јавноста веројатно со некаква цел. Средбата на Фигел со Орце Камчев е на барање на адвокатот на Камчев. Побарано е пред два дена од судот, а потоа се појави пред затворот и побара да се види со Орце Камчев. Бев известен, побаравме информации од Европската комисија и од Словачката амбасада, нему сите фунции му се веќе одминати. Се работи за приватна иницијатива и од судот имале дилема дали во моментов има некаква функција. Проверено е и утрдено е дека нема функција. Немаше одобрение од судот во одредено време, потоа е дозволено. Ниту јас ниту еврокомесарот Вархељи не сме ургирале кај никого за да се случи или не се случи посетата, тоа се шпекулации, објаснува министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој напомена дека сите противореници и затвореници имаат редовни посети од адвокатите и блиските луѓе од семејството.

-Орце Камчев пред неколку месеци имаше и барање за посета и од Хелсиншки комитет за човекови права и тоа му беше одобрено. Николу ништо не му е забрането. Морам да напоменам дека вон сите процедури е појавување пред затворот и барање да се види со затвореник или притвореник, работа е на судот одобрение за посета на лицата во затворот, нагласи Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот