Маричиќ: Активно работиме да се спречат сите обиди за заобиколување на правдата

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Министерството за правда активно работи да се спречат обидите за заобиколување на правдата, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во своето онлајн обраќање на отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството” во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција или криминал, без разлика дали се работи за политичари, судии или кој било, мора да одговараат. Обидите за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да ги дозволиме. Токму затоа ја поддржавме и новата методологија за проверка на работата во судството. Вчера Судскиот совет донесе одлука за разрешување на тројца судии. Досега вкупно 16 судии се разрешени. Сметам дека овие проверки според планот треба да продолжат и јас како министер и Владата во целина, даваме безрезервна поддршка на тој процес, потенцираше Маричиќ.

Тој се осврна и на повеќе законски измени кој се во насока за засилена и ефиксна борбата против криминалот и корупцијата и потенцира дека со Планот за борба против корупцијата и Агендата Европа дома, Владата предвидува екипирање и дигитализација во јавното обвинителство, електронска размена на податоци меѓу институциите за поефикасно спроведување на истраги и подобрена координација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот