Маричиќ во правда, Шахпаска во труд и социјала – Неофицијално составот на новата Влада

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во новата Влада, со која 4 години минус 100 дена ќе раководи мандатарот Зоран Заев, ќе има министри од СДСМ, БЕСА и ДУИ, додека коалициските партнери може да сметаат на другите ешалони.

Еден ден откако мандатарот Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објавија договор за коалиција, неофицијално познати се и персонални решенија во новиот владин состав. Од редовите на СДСМ во новата влада на министерски позиции ќе бидат:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Предизборниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа, а Горан Милевски од ЛДП останува министер за локална самоуправа.

Од редовите на ДУИ во новата влада влегуваат:

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина

Од ДУИ соопштија дека за Министерството за информатичко општество и администравија дополнително ќе се одлучува, бидејќи кандидатката за оваа позиција, Ширет Елези, не поминала на вечерашниот Централен совет на ДУИ. Таа досега беше заменик-министерка за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот