Маричиќ во писмо до европратеникот Ромео изразува загриженост за инцидентот со Ромите

Бојан Маричиќ, министер за правда/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По повод писмото на европратеникот Франц Ромео, во кое се изразува загриженост за непријатниот насилен инцидент против групата на Роми кој се случи неодамна, министерот за правда Бојан Маричиќ му одговори со писмо.

Во писмото, министерот Маричиќ ја споделува загриженоста за насилниот инцидент и воедно потенцира дека очекува брза реакција од надлежните органи за разрешување на случајот.

-Полициските службеници кои учествуваа во случајот на употреба на прекумерна сила беа веднаш идентификувани од Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и очекувам брзо и одлучно постапување на Министерството за внатрешни работи и понатаму на Јавното обвинителство со цел правдата да биде задоволена, стои во реакција на министерот за правда.

Маричиќ потенцира дека како држава ќе останеме доследни на заложбите за почитување на човековите права единствено со подигнување на свеста за прашањата што го тангираат нашето општество, но и преку санкционирање на секаков вид на насилство и говор на омраза. 

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот