Маричиќ во Анкара се сретна со претседателот на Големото турско народно Собрание, Мустафа Шентоп

Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на својата работна посета на Анкара денеска оствари работен состанок со претседателот на Големото турско народно Собрание Мустафа Шентоп.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата ги претставил реформите кои ги презема Министерството за правда во насока на модернизацијата на правосудство. Искуствата што ги има Турција, пред сè во процесот на дигитализацијата на судовите се од исклучително големо значење за Северна Македонија, имајќи предвид дека почнува процесот со кој целосно ќе се дигитализираат над 120 судници.

Дигитализацијата, се вели во соопштението, е во фокусот на средбите кои Маричиќ ги има во Турција, а за таа цел тој го посети и Генералниот директорат за информатичка технологија на тамошното министерство за правда, што е носечка институција во однос на дигитализацијата на турското правосудство.

Маричиќ вчера се сретна и со својот колега министерот за правда на Турција Абдулхамит Ѓул, а на средбата се констатираа традиционално добрите односи меѓи двете земји и двата народа, а дополнително е договорена поблиска соработка во секторот правда со фокус на воведувањето современа дигитална технологија во правосудството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот