Маричиќ: Tоа што граѓаните се сомневаат во дел од пресудите е најсилниот мотив за прочистување на судството

Бојан Маричиќ, новиот Министер за правда / Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Пресудата која ја обелодени Наташа Апостолоска, која е оштетена во овој случај, повторно го стави македонското судство на нишан на јавноста. Условната казна за обвинет во случај за сообраќајка во која загина 32-годишниот сопруг на Апостолоска, која во тој момент беше бремена и заврши со тешки повреди, покрена лавина негативни реакции и сомнежи.

Меѓу институциите од кои „360 степени“ побара став за случајот е и Министерството за правда. Новиот министер, Бојан Маричиќ, доцна попладнево одговори дека иако извршната не се меша во судската власт критиките од граѓаните ги гледа како причина за прочистување на судството.

-Без да ја коментирам пресудата, за да нема мешање на извршната во судската власт, можам да кажам дека тоа што граѓаните се сомневаат во дел од пресудите е најсилниот мотив за прочистување на судството кое ќе биде спроведено во нашиот мандат, заедно со иницијатива за проверка на случаите каде има непостапување или лошо постапување на надлежните. Само така може да се врати довербата во судството и правниот систем- вели Маричиќ за „360 степени“.

Министерот ја поздравува и најавата од првиот човек на Основниот кривичен суд – Скопје, дека ќе го коментира случајот во понеделник. Маричиќ вели дека добро е што судството ги слуша критиките.

Апостолоска: Ми ги одзеде и сопругот и бебето, а доби условна казна и во целава приказна тој е жртва!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот