Маричиќ: Судскиот совет ќе прави детална проверка на предметите чувани во фиока

Правдата, заедно со економијата и евроинтеграциите се врвни приоритети во новиот мандат на Владата, истакна новиот министер за правда, Бојан Маричиќ.

Маричиќ откри дека во неговото мандатно писмо биле наведени голем број реформи во правосудството, бидејќи довербата на граѓаните во судскиот систем била на загрижувачко ниско ниво. Тој додаде дека граѓаните бараат правда и брза завршница на предметите во судовите.

– Транспарентно и одговорно судство и обвинителство се предуслов за владеењето на правото. Не смее да има недопирливи пред законот и институциите. Граѓаните кога ќе веруваат во судските пресуди, тогаш судската власт ќе може подобро да ја контролира извршната и локалната власт. Мојата мисија е да ја вратам надежта на граѓаните во системот и правосудството, преку зголемување на отчетноста, одговорноста и ефикасноста на судиите и обвинителите, додаде Маричиќ.

Министерот нагласи дека ќе се спроведуваат длабоки и суштински реформи, а моделот за прочистување, треба да се очекува уште во првите 100 дена.

Тој откри дека Судскиот совет, во согласност со новите закони, треба да направи детална проверка на предметите на судиите, особено на оние кои биле доведени до застареност преку одлагање, ретки рочишта, чување во фиока и слично.

– Паралелно, наредната пролет треба да започне ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил, односно околу 50 предмети годишно, кои ќе ги набљудуваат домашни и странски експерти, назначени од ЕУ и ОБСЕ. Побаравме веднаш да започне процесот за мониторинг и очекуваме враќање на кредибилитетот кај судиите, заклучи Маричиќ, најавувајќи ревизија на 5% од застарените предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот