Маричиќ: Ставовите на Заев се државни ставови врз основа на довербата на изборите

Бојан Маричиќ / Фото: Фејсбук

Министерот за правда Бојан Маричиќ вечерва на својот профил на Фејсбук напиша дека искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ.

-Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори, пишува Маричиќ.

Поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвеновски претходно побара став од раководството на СДСМ дали стојат зад изјавите на Заев изнесени во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

Од СДСМ соопштија дека став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи.

– СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја. СДСМ била, е и ќе остане државотворна партија и својата државотворност секогаш ја зајакнувала во вакви исклучително важни моменти, се наведува во партиското соопштение, кое претходно во одделни објави на Фејсбук го споделија и вицепремиерите Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот