Маричиќ: Со новиот закон за медијација се приближуваме кон практиките на земјите-членки на ЕУ

Бојан Маричиќ
Фото: Архива на „Слободен печат“

„Постојниот концепт на медијација останува како забелешка која се провлекуваше со години во прогрес-извештајот на Европската комисија. Нотирана е потребата од јакнење на свеста за медијацијата, со оглед на тоа што примената на истата е лимитирана. Една од целите на новиот Закон за медијација е приближување кон практиките на земјите членки на ЕУ, каде во секоја ситуација на разрешување на конфликтни и спорни ситуации, акцентот се става на алтернативното решавање“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ на конференцијата „Медијација – за нова култура во решавањето на споровите“ организирана од Институот за европска политика.

Освен тоа, како што кажа министерот Маричиќ, со новиот закон се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија, што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата.

„Новите решенија што ги нуди новиот текст на Законот за медијација, преку доуредување и надградување на одредбите од постојниот закон, ќе ја зајакнат довербата во употребата на медијацијата во нашата држава, со што таа ќе го обезбеди заслуженото место во општеството, а од друга страна ќе се зајакне правната сигурност на граѓанинот и ќе му се овозможи на многу побрз и сигурен начин, да ги оствари своите права и интереси“ кажа Маричиќ.

Министерот кажа дека медијацијата како метод на алтернативно решавање на спорови овозможува побрзо завршување на постапките, значително помали трошоци, но и растеретено судство.

„Медијацијата како процес нуди и доверливост на постапката, што е особено корисно во трговските и семејните спорови. Дури и државите се пример дека и најголемите и најгорливите проблеми може да бидат решени по пат на медијација, како деценискиот спор помеѓу Северна Македонија и соседна Грција“ кажа Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот