Маричиќ: Процесот на попишување на дијаспората продолжува до 30 септември

Бојан Маричиќ
Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерот за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека процесот на попишување на дијаспората продолжува до 30 септември.

– Операцијата на попишување треба да се случи одеднаш, во континуитет. Ние единствено што имаме во континуитет сега е попишувањето на дијаспората, и тоа е многу важно за дијаспората да се напомене дека тој процес продолжува. Тој процес започна на 1-ви март и ќе продолжи до 30-ти септември, вели Маричиќ.

Тој додава дека во тек е процесот и се задоволни од досегашните бројки на попишани граѓани од дијаспората.

– Теренското попишување треба да започне масовно кај нас тогаш кога ќе се создадат сите услови и кога ќе имаме повисок степен на имунизација, порача Маричиќ.

Исто така, тој посочи дека нема никакво прекршување доколку не започне денеска пописот.

– Постоечкиот закон предвидува пописот да започне на 1-ви и да заврши на 21-ви април, притоа стандародот на Евростат е да трае најмалку 15 дена, а ние сме оставиле во законските рамки 21 ден. Така што и да не започне денеска, и да не започне во првите неколку дена тоа не е никакво прекршување. Важно е да заврши на време, меѓутоа ние сите знаеме дека постои веќе предлог Законот на Владата кој што е доставен во Собранието и со кој што се предвидува да се озложи пописот за септември, од 5-ти до 30-ти, истакна Бојан Маричиќ.

Тој смета дека има поддршка во Собранието за усвојување на овој закон.

– Затоа мислам дека не е воопшто соодветно да започне пописот овие денови, бидејќи како што тоа е голема машинерија од 6.000 попишувачи, што доколку теренски тргне – тешко може да се запре. Тоа се трошоци, постапки за кои треба да видиме што со нив. Вака само пописот се одлага за септември, а подготовките продолжуваат, додава Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот