Маричиќ: Правда за сите – прочистувањето на правосудството е број 1 на листата на приоритети

Бојан Маричиќ, новиот Министер за правда / Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Актуелниот министер за правда Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил вели дека прочистувањето на правосудството е број 1 на листата на приоритети за идната година.

Маричиќ исто така ја поздрави одлуката на Судскиот совет да ја усвои методологијата за оценување на работата на судиите.

-Сметам дека ова е голем чекор кон конечното враќање на изгубената доверба во правосудството. На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја потврди целосната методологија за филтрација на судството и обвинителството. Правда во Северна Македонија ќе има. Правда за сите!- напиша Маричиќ.

Судскиот совет на Македонија ги усвои Методологија за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење и Образец за оценување и бодување на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата, како и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и Образецот за квалитативно оценување на претседатели на судовите.

Како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, на седницата одржана на 18 декември,  усвоени се и Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, Програма за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Интерниот план  за следење и за оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за период од 01.01.2021 додина до 31.12.2021 година.

Судски совет ги усвои методологиите за работата на судиите: Секој ќе биде оценуван, ќе се фревидираат цели досиеја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот