Маричиќ: Потребно е да се престане со политизација на пописот следната година

Бојан Маричиќ, министер за правда/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Потребно е да се престане со политизација на пописот планиран за следната 2021 година, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат, министерот посочи дека искуството од пропаднатиот попис е доволна поука дека на него треба да се гледа како на статистичка операција суштински потребна за државата, а не како на политичко прашање.

-ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој би повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?, потенцираше Маричиќ.

Според министерот, нема силни аргументи зошто повторно би се одложил пописот и додаде дека и покрај пандемијата државата докажала дека има капацитет да организира сложени операции со масовно учество на граѓаните.

– Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината, изјави министерот Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот