Маричиќ: Отпочнувањето на преговорите клучно во дефинирање на темпото на реформите

Отпочнувањето на преговорите е клучно во дефинирањето на темпото на реформите. Што поскоро ги започнеме преговорите, толку подобро ќе се одрази тоа на реформите во областа на владеењето на правото, истакна денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, кој се обрати на онлајн трибината „Обезбедување на механизам за владеењето на правото во контекст на проширувањето на ЕУ”, што се одржа во организација на Фондацијата „Фридрих Ебер”.

Во своето обраќање, како што соопшти Министерството за правда, Маричиќ го поздрави неодамна воведениот механизам за почитување на владеењето на правото од страна на ЕУ, како инструмент за рано откривање и спречување на проблемите со владеењето на правото во земјите-членки.

– Ревидираната методологија за проширување од 2020 година, е добредојдена, бидејќи му дава дополнителен кредибилитет, динамика и силно политичко управување на процесот на проширување, а на владеењето на правото му е дадена централна улога во процесот на пристапување. Пожелно е Европската комисијата овој механизам да го вгради во процесот на проширување, истакна Маричиќ.

Министерот истакна дека реформската моќ на процесот на проширување е голема, особено поради фактот дека земјите-кандидатки испорачуваат реформи кога добиваат зајакнат стимул преку мониторингот на ЕУ и партнерскиот однос на соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот