Маричиќ: Откако сум министер немало промена на закон без вклученост на граѓанскиот сектор

Граѓанскиот сектор кога беше најпотребно и во најтешките моменти за државата се постави како брана на авторитаризмот и беше клучниот фактор кој се бореше за демократизација на државата, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации”.

Тој ја потенцираше улогата на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор.

-Во изминатите седум-осум месеци откако сум во Министерствoто за правда, немало промена на закон без вклученост на претставници на граѓанскиот сектор, а особено сум среќен поради грантовите за граѓанските организации – даватели на примарна бесплатна правна помош, бидејќи заштитата на човековите права е јавен интерес и заслужува институционална поддршка, потенцираше Маричиќ.

Според министерот за правда, за натамошно доследно почитување на принципот на партнерство со невладиниот сектор потребно е секое министерство во рамките на своите надлежности да гради партиципативна култура, да вклучува што е можно поголем број на граѓански организации во својата работа и да создава стимули за поголема вклученост на граѓанските организации во општеството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот