Маричиќ: Општество со бестрашни обвинители и судии може да стави крај на корупцијата и организираниот криминал

Маричиќ истакна дека судиите и обвинителите треба да уживаат највисок углед во општеството, но и дека новата генерација на судии и обвинители треба да внесе нова енергија во правосудството и на дело да се докаже.

Во свечената сала на Врховниот суд денеска се одржа свечена церемонија за одбележување на почетокот на обуката за слушатели на VII генерација во Академијата за судии и јавни обвинители, каде присуствуваше и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Во своето воведно обраќање, министерот Маричиќ истакна дека Академијата за судии и јавни обвинители има обврска да преземе активности кои преку едукативниот процес ќе изгради независни и непристрасни судии и јавни обвинители, со фокус на нивните професионални вештини, интегритет, стручност, лична способност и социјални вештини.

Маричиќ истакна дека судиите и обвинителите треба да уживаат највисок углед во општеството, но и дека новата генерација на судии и обвинители треба да внесе нова енергија во правосудството и на дело да се докаже.

Прочитајте и...  Царовска: Младите ни се важен партнер во креирањето успешни образовни политики

Задача на идните судии и обвинители е да се погрижат законот да важи еднакво за сите, истакна министерот Маричиќ, кој дополни дека „власта” која им е доделена на судиите и јавните обвинители е тесно поврзана со вредностите правда, еднаквост, непристрасност, вистина и слобода и тие како носители на правосудната власт носат одлуки кои во голема мера ги засегаат животите на луѓето и овозможуваат нормално функционирање на општеството.

Секој судија и јавен обвинител поединечно би требало да стори се за да ја одржува судската независност на институционално и лично ниво, да имаат еднаква почит и третман на странките со избегнување на секаква пристрасност и дискриминација, рече министерот за правда.

Тој додаде дека подеднакво важно е судиите и обвинителите активно да соработуваат со медиумите и редовно да ја информираат јавноста за случувањата.

Прочитајте и...  Унгарија: Извештајот на ЕК за владеење на правото е „апсурден и неточен"

-Општество со бестрашни обвинители и судии може да стави крај на корупцијата и организираниот криминал, може да го подобри угледот на државата надвор и да ги задржи младите во државата бидејќи ќе знаат дека правосудниот систем функционира, а државата работи за нив и во нивно име. Правдата е во ваши раце и направете граѓаните да видат дека се прави! И запаметете, кога еден ден ќе ја поминете целата Академија и ќе бидете избрани, секогаш носете пресуди во име на граѓаните и немојте тоа да го заборавите затоа што ним им служите. Храброст, транспарентност и етика нека зрачат од вас и вашата работa, истакна Маричиќ.

 

Прочитај повеќе

Пендаровски во говор на 75. сесија на ОН: Постигнавме значаен напредок во учеството на жените во политиката

Слободен печат

Анти-ковид вакцината на „Модерна” нема да биде достапна до претседателските избори во САД

Слободен печат

Заев на 8 октомври на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Слободен печат

Полскиот министер за здравство со предупредување до нацијата: Можна е ескалација на пандемијата

Слободен печат

Рот со порака до Димитров: Ги исполнивте условите, преговорите треба да почнат што побргу

Слободен печат

Црна Гора: Почна новата учебна година под посебни епидемиолошки мерки

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Роденденско изненадување во Берлин: Михаел Рот го пречека Димитров со торта и свеќичка (ВИДЕО)

Слободен печат

Решение на Општина Центар: Рок од три дена за отстранување на челичната конструкција пред гостилницата „Аманет”

Слободен печат

Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите

Весна Тодоровска

ВМРО-ДПМНЕ на мисла да иницира постапка за импичмент на претседателот Пендаровски

Слободен печат

Песков во име на Путин: Тврдењата на Навални се навредливи и неприфатливи

Слободен печат

Иран на секои 23 секунди пријавува нов случај на коронавирус

Слободен печат