Маричиќ: Опозицијата со барањето за нов процес за 27 април врши притисок на правосудството

Како и за сите случаи така и за 27 април, кога е правосилно пресуден предметот, може да се врати на повторно судење само ако има нови докази. Опозицијата се обидува да го партизира целиот случај. Не смееме да заборавиме што се случи, организирана група луѓе упадна во Парламентот, се обиде да спречи избор на претседател на Собранието и тоа заврши со крв на пратениците. Цел свет тоа го осуди, таквите настани во секоја демократска држава се за осудување. Би било штетно за нас како држава ако го смениме наративот и ако свртиме во погрешна насока да се дава партиската страна на тој настан. Пресудата на тој настан треба да го осуетат насилството како легитимно политичко средство. Насилството не може да биде политичко средство. Во нашето право кога некој ќе се обиде со насилство да ги нападне институциите тоа се означува како терористичко рушење на уставниот поредок, изјави миниситерот за правда, Бојан Маричиќ.

-Кога се разгледуваше овој случај целото обвинителство во неколку наврати детално го прегледувало доказниот материјал пред да ја направи квалификацијата на делото и таа квалификација судот, и Основниот и Апелацискиот ја потврдија. Доколку правосудството низ не кратка постапка утврдиле дека станува збор за терористичко загрозување на уставниот поредок, тогаш им верувам. Доколку опозицијата цело време вели дека треба нова постапка, а притоа не доставувајќи нови докази тоа претставува вршење притисок врз правосудството, вели Маричиќ.

Министерот за правда додава дека искуството и енергијата прават се, како што вели, од утро до мрак да проработи правдата во државата.

-Мислам дека правдата се враќа во оваа држава. За кратко време имаме резултати во правосудството. Работам цело време во интерес на граѓаните и враќање на вербата во правосудството, работам интензивно и така ќе биде се додека сум на оваа функција, вели Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот