17 C
Скопје

Маричиќ: Неопходен е Закон за воена и вонредна состојба

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици”, се осврна на потребата од носењето на посебен Закон за воена и вонредна состојба. Министерот кажа дека глобалната пандемија претставува сериозна закана и за демократските вредности и човековите права.

– Најзначајните прашања кои треба да се уредат во законот се начинот на прогласување на вонредната состојба, улогата на Собранието, времетраењето и правното дејство на уредбите, како и карактерот на уредбите, односно допрецизирање – што треба, а што не треба да биде предмет на владините уредби, рече Маричиќ.

Во Министерството за правда веќе е формирана работна група од еминентни експерти и академската заедница, кои во наредниот период ќе работат на подготовка на Нацрт-закон за воена и вонредна состојба. Маричиќ истакна и дека Министерството за правда изработило и Анализа на искуствата на институциите за време на вонредната состојба и уредбите со законска сила.

Прочитајте и...  Филипче: Со кинескиот амбасадор Ѕуо разговаравме да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини од „Синофарм“

Според министерот при регулирањето на ова прашање, потребно е да се земат предвид компаративната анализа на законодавството на земјите од регионот и другите држави членки на Европската унија, Анализата на Министерството за правда и искуствата од другите државни институции, академската заедница, како и граѓанскиот сектор

Поврзани вести

Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Слободен печат

Антикризните закони утре во Собранието на „брза ленда“

Весна Тодоровска

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Слободен печат

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

„Џонсон и Џонсон“ ја одложува испораката на вакцини во Европа, откако се појавија неколку случаи на згрутчување на крвта

Слободен печат

Мицкоски – Браун: Од големо значење е силната поддршка од „Конрад Аденауер” и ЦДУ

Слободен печат

Остави Коментар