Маричиќ: Нема скриена агенда во пописот

Владата нема никаква скриена агенда во пописот, а неговата политизација и форсирањето на негативна кампања, може само да креира тензии, рече вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Во гостувањето на ТВ Сител, тој испрати порака до сите граѓани и политички партии, дека не е доцна да се вклучат во спроведувањето на пописот, зашто, како што истакна, на државата и требаат реални бројки.

– Зошто да имаме тензии кога можеме да имаме резултат кој ќе ни помогне да ги планираме образованието, здравството, економијата. Нам ни треба реална слика, не ни требаат ни повеќе Македонци, ни помалку Македонци, ни повеќе Албанци, ни помалку Албанци или кои било други. Ефектот од таква, да речам, политизација или негативна кампања кон пописот може да биде само нереална бројка, значи нереално малку луѓе од едната заедница или од едниот народ или од другиот народ, нагласи Маричиќ.

Според него, сите дискусии требаше да завршат уште минатата недела кога земјава доби верификација од Евростат дека сите стандарди и законот и методологијата се согласно европските стандарди за попис.

– Мислам дека тоа треба да ги увери граѓаните дека Владата нема никаква скриена агенда во спроведувањето на оваа операција, дека навистина ни требаат податоците за секој град, за секое населено место, за секој човек, за секое домаќинство. Со најчесна намера пристапуваме, а и затоа на ДЗС како професионална институција и припадна честа или одговорноста да го спроведува пописот, напомена министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот