Маричиќ: Не сум недопирлив, ама не се ниту другите, нема селективна правда

Бојан Маричиќ
Фото: Архива на „Слободен печат“

„Јас сум како и сите други граѓани со своја обврска и одговорност. Секој министер за правда има тешка задача во комуникацијата на извршната власт со судството, но ние сме задолжени за зајакнување на капацитетите во правосудството. Никоигаш не сум се чувствувал недопирлив, и никој фунинкционер не треба да се чувствува така, за нас важат истите правила како и за сите граѓани. Не е добро да се оддалечи функционерот од граѓаните затоа што тоа е лошо и за него и за граѓаните.“- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ, зборувајќи за непостоењето селективна правда и дека конечно функционира правната држава.

Тоа го илустрираше со многу примери од судската пракса според кои има поранешни и сегашни функционери кои се во притвор или во затвор. Направи споредба дека во минатото граѓаните постојано криткувале дека зад решетки завршувале ситни криминалци, но дека денес е сосема поинаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот