Маричиќ: Не им ги знаевме имињата на членовите на Антикорупциската, а сега комисијата секој ден отвора нов случај и тоа неселективно

Бојан Маричиќ, новиот Министер за правда / Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

„Имаме Антикорупциска комисија која отвора случаи неселективно и е подобра од она што била до пред неколку години. Претходно не ги знаевме ни имињата на членовите кои што работат таму, а не пак што работат“ изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Тој потенцираше дека Владата работи со Државната комисија за спречување на корупација за тие да ги имаат сите услови за работа, без мешање на извршната власт.

„ГРЕКО препознава дека Владата вложила напори – и финансиски и политички и институционални за да се воспостави систем за борба против корупција. Од 23 препораки кои треба да се исполнат 13 се имплементирани, а останатите 10 се во текизјави министерот Маричиќ.

Министерот нагласи дека и покрај пандемијата Владата има одлично портфолио и „трек-рекорд“ во борбата против корупцијата.

„Корупцијата не се искоренува преку ноќ, но треба да се воспостави систем што ќе се бори против неа, а ние работиме токму на тоа. Дел од препораките на ГРЕКО се решаваат со промена на законите кои се во собраниска процедура, а дел се за зајакнување на капацитетите на владините институции поврзани со контрола на дискрециони овластувања, транспарентноста и работата на владините функционири“ изјави Маричиќ и додаде дека државата е на добар пат да ги имплементира сите препораки до септември наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот