Маричиќ на средбата со Јурова: Поддршка за реформите во правосудството и зајакнување на владеењето на правото

Реформите во правосудството, владеењето на правото и европските интеграции на земјата биле во фокусот на денешната средбата на министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата посочил дека владеењето на правото е основа за развој на сите држави, па затоа и земјите кандидатки за членство во Унијата треба да бидат вклучени во постојниот механизам за владеење на правото во земјите членки на ЕУ.

На Јурова, Маричиќ ѝ ја пренел одлучноста на Влада да продолжи со европската агенда и дека земјава со засилено темпо ќе продолжи да ги спроведува реформите со цел носење на европските стандарди дома, а тоа е и главната причина за носењето и спроведувањето на планот „Европа дома“.

На средбата со Јурова, Маричиќ, исто така, ѝ го образложи и планот за дигитализација на македонското судство на кое Министерството за правда работи интензивно. Дигитализацијата и онлајн судењата, според Маричиќ ќе обезбедат побрзи постапки и континуитет на истите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот