Маричиќ на средба со Фајон и Јовева: Поддршка за реформите и евроинтеграциите

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Брисел имаше две одвоени средби со словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева, на кои се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството и борбата против корупцијата.

Маричиќ, како што соопшти денеска Министерството за правда, ги брифираше европратеничките за подготовките за спроведување на пописот и успешно завршената прва фаза од статистичката операција. Тој потенцираше дека неодржлива е состојбата државата да е без попис веќе 20 години.

– Министерот детално ги претстави реформите во судството, со акцент на дигитализацијата и филтрацијата во судството кои ги спроведува Судскиот совет, стои во соопштението.

Министерот Маричиќ за време на неколкудневната работна посета на Брисел имаше состаноци и со еврокомесарите Јоханес Хан и Вера Јурова на кои доби поддршка за реформите во правосудството и европските интеграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот