Маричиќ: Мицкоски нема свој став, туку работи под диктат на Никола Груевски

На самитот на Европската народна партија во Загреб се случи целосен меѓународен пораз на лажните и лицемерни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не само што се покажа дека едно зборува пред граѓаните а друго надвор од државата, туку и јавно, пред камери, на клучните стратешки теми Мицкоски доживеа дебакл, рече на прес-конференцијата  Бојан Маричиќ, претседател на Комисија на СДСМ за Европски прашања.

Тоа е очекувано, рече Маричиќ, затоа што Мицкоски нема свој став туку работи под диктат на Никола Груевски.

-Дури и Европската народна партија, каде членка е ВМРО-ДПМНЕ и има право на глас, во донесената Резолуција од загрепскиот самит, констатира дека ЕУ со неносењето одлука за почеток на преговорите, направила историска, геостратешка грешка. Тоа е потврда дека ние ги направивме реформите што беа потребни, дека се што требаше испорачавме, но дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми во самата Унија, како што и највисоките челници на ЕУ потврдија- говореше Маричиќ.

Оваа резолуција е врел шамар за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше тој, кои виновници бараа внатре во земјата.

-Се покажа уште еднаш дека целиот демократски свет ги препознава реформите и успесите, дека сите важни фактори и претставници во ЕУ се за тоа да започнеме преговори, само Мицкоски навива против напредокот на нашата татковина во евроинтеграциите. Радоста на Мицкоски дека биле во право оние што ја блокирале нашата земја очигледно заврши неславно и тоа на негов терен- рече Маричиќ.

Додека дома Мицкоски вели дека не го признава уставното име на државата, граѓаните видоа дека нема проблем неговата ВМРО-ДПМНЕ во Европската народна партија да биде претставничка од Република Северна Македонија.

-Самитот во Загреб го разоткри сиот лажен патриотизам, го разоткри сето лицемерие на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. На Самитот на Европската народна партија, Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија за кој велеше дека е штетен по националните интереси, го призна уставното име и Договорот од Преспа. Мицкоски се премисли за сè за што зборуваше во изминатите две години и го порекна за само две минути- рече Маричиќ.

Толку од искреноста, честитоста и доследноста во ставовите за кои зборува Мицкоски, истакна Маричиќ.

-Затоа граѓаните на 12 април ќе го казнат неговиот нечесен и лицемерен однос и ќе потврдат дека државата е прав пат- поентираше на самиот крај Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот