Маричиќ: Координираноста на институциите го оневозможи бегството на Мијалков

„Ние прво не треба да заборавиме дека имавме еден крупен случај, случај на можно потенцијално бегство на еден од најистакнатите луѓе кој што беа внесени или беа од оние случаи на СЈО. Повод за бегството беше очекуваната пресуда која што следеше за неколку дена во случајот за „Таргет – Тврдина“ најголемиот случај од поранешното СЈО. По укажувањата за бегство мислам дека три клучни институции се непосредно заинтересирани засегнати за тоа, тоа се секако ЈО, судот којшто ги изрекува мерките и извршната власт во делот на полицијата, мислам дека апсолутно нема ништо спорно овие три институции или три групи на институции да се координираат, да разговараат и да дискутираат кога има некој таков проблем.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вчерашното интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат.

Нагласи дека само со интеврентни акции и поголема координација на надлежните институции е можно справување со криминалот и корупцијата. „Значи, ние имавме ситуација за која што целата јавност се вознемири и којашто можеше да значи бегство, тајно бегство или долгорочно бегство на Сашо Мијалков.

Координацијата беше околу конкретна ситуација за можно бегство на Мијалков, и не знам како мислите дека е возможно да се искординираат на највисоко ниво овие институции ако немаат работен состанок на коишто ќе ги споделат информациите…Ама знаете како? Кога избега Груевски тогаш велеа зошто не се координирале институциите…Епа токму тоа беше една од целите на овој состанок, да се утврди каде е дупката, и да видиме како да не се повтори.“- порача министерот Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот