Маричиќ контра Андоновски: Помалку политика во изборот на ЈО

Маричиќ за Утрински брифинг рече дека едно од прашањата е дали политиката треба да учествува во избор на обвинителите или не.

Вархељ започнува амбициозно со јасна цел и план, е заклучокот на двајцата соговорници во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, Стефан Андоновски, советник за надворешна политика на Мицкоски и Бојан Маричиќ, советник за надворешна политика на Зоран Заев.
Според Маричиќ, ЕУ нема да си дозволи уште еден дебакл како оној во октомври.

– Претходно ќе мора да има договор со сите земји членки. Сите ќе мора да бидат искрени, јасни и чесни, рече Маричиќ.

– Мора да се гарантира функционирање на институциите пред изборите за да имаме аргумент плус во нашето портфолио. Се надевам дека сите партии ќе гарантираат и креираат една фер и демократска атмосфера, рече Андоновски.

– Владата е цврсто определена да ги организира изборите на фер и демократски начин. Врвен интерес на ЕК секој случај на висока корупција да биде истражен. Вархељ јасно кажа дека е направено се што треба да се направи. Добро би било да се донесе Законот за ЈО пред изборите. Битна порака е дека оваа обврска нема да се тргне од масата, додаде Маричиќ.

– Имаме принципиелен став во последните две години. Се правиме околу активно учество во носење на законите со европско знаменце. Немаше блокади за да не се донесе. Остануваме на европскиот пат, изјави Андоновски.

Маричиќ за Утрински брифинг рече дека едно од прашањата е дали политиката треба да учествува во избор на обвинителите или не. Околу тоа не можевме да се согласиме, односно постапката како да се бира обвинител кој што треба да биде независен.

– Ние сметавме дека треба да имаме обвинител кој треба да биде независен. За нас што помалку треба да има политика. Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека тоа треба да биде резултат на јасен политички договор, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот