Маричиќ ќе ја претствува Владата на неделните координативни средби во Собранието

Бојан Маричиќ, новиот Министер за правда / Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Владата денеска на седница донела одлука министерот за правда Бојан Маричиќ да учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија како претставник од Владата, наместо Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

-На денешната седница, Владата заклучи да се измени Заклучокот донесен на Првата седница на Владата, одржана на 1 септември 2020 година, со кој Љупчо Николовски е определен за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија и го определи Бојан Маричиќ, министер за правда, за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти вечерва владината прес-служба.

Исто така, Владата донела и заклучок со кој министерот за надворешни работи Бујар Османи бил одреден за потпишување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и придружните ноти на имплементација на Спогодбата во контекст на протоколот за Ирска/Северна Ирска меѓу ЕУ и ОК.

Владата на денешната седница, во делокругот на кадровски прашања го именувала Зоран Петров за Национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот