Маричиќ: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на пописот, може да доведе до помалку попишани Македонци

Фото: МИА

Во текот на последниот ден од собранискта дебата за Предлог-законот за попис, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски праша „Зошто кога многу држави го одложија пописот за една година поради коронавириусот, тоа не го стори и Македонија?“.

– Заради коронавирусот, Република Ирска која е членка на ЕУ, одлучи пописот наместо во април оваа година, по барање на Заводот за статистика, да го одложи за април во 2022 година. Не мислам дека една Ирска е помалку организирана држава од Македонија. Шкотска, како дел од Обединетото Кралство, го одложи пописот за април во 2022 година. Во Шкотска, смртноста поради коронавирусот пресметано на еден милион жители изнесува 1.263 починати, а во Македонија 1.285 починати на еден милион жители. И во соседна Бугарија требаше да има попис оваа година, но лани во декември Владата донесе одлука за одлагање на пописот и Романија го одложи за јуни во 2022 година. Попистите ги одложија и Аргентина, Србија, но и Германија каде пописот требаше да се одржи во април оваа година, но по барање на Завод за сатистика беше одложен за 15 мај во 2022 година. Смртноста во Германија на еден милион жители е 544 починати. Не би требало да се потценуваат одлуките на овие земји. Ако Македонија сака да стане членка на ЕУ, тогаш власта би требало да ги земе во предвид одлуките на овие земји. Пописот е теренска операција. Попишувачите во едно семејство ќе се задржат најмалку 30 минути, а дневно треба да минат повеќе од 20 домови, а тоа значи многу контакти. Затоа треба да се размисли, пописот да се одложи и да се одржи во услвои со помалку ризици, рече Милошоски.

Според министерот за правда Маричиќ пописот ни е повеќе од потебен и треба да се спроведе час поскоро.

– Пописот ќе влее доверба кај сите граѓани и наместо да повикувате на кочници, треба заедно да излеземе и заедно да ги повикаме граѓаните да се попишат. Вашата кампања може да има ефект само да има помалку попишани граѓани или само помалку Македонци во процен. Ако тоа ви е целта, некави служи на чест. Бојкотот и блокадите не се решение. Граѓаните сакаат да видат функционалност на институциите, а не бескрајни политички говори. Во однос на одлагањето, знаеме дека ќе се случат пописи и во Романија и во Србија и во други држави, особено во оние земји во кои нема да се прават теренски активности. Меѓутоа препораката на Евростат за одлагање е тој да се одложи во текот на 2021 година, а не наредната година. Врзаниот потпис тоа повеќе гледајте го како еден вид на гаранција отколку како на било што друго, рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот