Маричиќ: До крај да бидеме оптимисти за отворање на преговорите со ЕУ

Бојан Маричиќ, министер за правда/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека треба да бидеме оптимисти до крај во врска со можноста за отворање на преговорите со Европската Унија (ЕУ) во декември, затоа што е во наш интерес. Црвените линии, како што потенцира Маричиќ на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, не смеат да се преминат и верува во македонскиот тим дека ќе дадат максимум да се отворат преговорите без да се загрозат интересите и идентитетот.

– Треба да сме оптимисти до крај и да се надеваме и да работиме, рече министерот Маричиќ.

За состојбите во судството и владеењето на правото, вели дека правдата кај нас стасува етапно, но дека реформите ќе се спроведат. Не може, додава Маричиќ, да се каже дека сè е исто и непроменето и дека има крупни случаи кои се отворени и затворени и дека двајца министри за внатрешни работи се осудени на затворски казни и осуден премиер во бегство.

– Некои стари болки во судството се останати, но не сме се откажале од таа битка да донесеме, да воспоставиме систем во кој правдата ќе се испорачува. Законските претпоставки се донесени, имплементацијата е во тек, рече Маричиќ.

Говорејќи за амнестијата, министерот потенцираше дека единствена амнестија што постоела е онаа законска, донесена во 2018 година, која ја донело Собранието и дека нема тајни амнестии. Принципот на неказнивост е нешто што ја разорува правната држава и системот и верува во одговорност на јавните личности и граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот