Маричиќ: Бугарија нѐ блокира бидејќи ЕУ сакаше да го преведе целото европско законодавство на македонски јазик

epa08407241 A Woman wearing a protective mask, walks in front of the EU office decorated with Macedonia and EU flags and their logo 'EU for You' in Skopje, Republic of North Macedonia, 07 May 2020. At the European Union-Western Balkan summit on 06 May, EU leaders confirmed unequivocal support to the Western Balkan countries regarding the COVID-19 pandemic. They agreed on giving 3.3 billion euros to help these countries with recovering from the economic crisis. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Искрената битка е да се зачува идентитетот и истовремено да станеме членка на НАТО и ЕУ, тоа го прави оваа влада. Да имаше предавство немаше да имаме вето од Бугарија денес. Нема никакво предавство, точно ги знаеме црвените линии и затоа Бугарија не блокира. Ова вечерва го истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ во дебата со Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа” на ТВ 24.

– Политичка храброст значи да направите тешки комромиси за доброто на граѓаните. Единствена храброст во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше споменикот на Александар Македонски, но немаа храброст ни да го наречат Александар Македонски. Мислеа дека тоа е начин да се одбранат македонските национални интереси, рече Маричиќ.

Тој додаде дека поради политиката и неуспешноста на ВМРО-ДПМНЕ во 2008 да го реши проблемот со Грција, мораше под полоши услови да се преговара.

– Со предупредувања за замислени предавства, ВМРО-ДПМНЕ 11 години не правеше ништо за да ги реши политичките прашања со соседите. Политичката храброст на оваа власт и премиерот Заев е ценета во целиот свет, рече Маричиќ.

Маричиќ рече дека Бугарија не блокира бидејќи ЕУ сакаше да го преведе целото европско законодавство на македонски јазик.

– Причината за реакцијата на Бугарија е предлогот на ЕУ целото европско законодавство да се преведе на македонски јазик. Тоа беше нашата битка, интерес на Северна Македонија и наша победа во тој момент. Тоа беше причина Бугарија да ја издаде декларацијата во Собранието, рече Маричиќ.

Маричиќ рече дека опозициската партија знае да понуди само лажни вести, блокади и бојкот и затоа нивната поддршка опаѓа.

– ВМРО-ДПМНЕ ја остави Македонија како заробена држава, потврдено во европските извештаи. Во последните четири години сите извештаи се позитивни и сите препораки се чисти за почеток на преговорите. Јасно е дека поради билатералниот проблем со Бугарија не можеме да ги почнеме преговорите, рече Маричиќ.

Тој додаде дека по доаѓањето на власт на СДСМ биле потребни шест месеци за воспоствување на комуникацијата со европските и светските земји и институции.

– Од сите адреси низ Европа и Светот ни кажааа дека биле лажени со години за состојбата во државата и желбата да се решат споровите. Ние тргнавме да ја извлекуваме државата од калта на ВМРО-ДПМНЕ и ја направивме членка на НАТО. Знаевме под кои услови можевме да станеме членка на НАТО, нагласи Маричиќ. Тој додаде дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик никогаш не биле на маса, дури ни во преговорите со Грција.

Маричиќ смета дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството.

– Сметам дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството на двата народа. Можам да ви кажам дека прашањето на посебноста на македонскиот јазик и посебноста на македонскиот идентитет во ниту еден момент не биле предмет на преговори, ниту ќе бидат, рече Маричиќ.

– Португалскиот предлог е основа за наоѓање на решение со Бугарија. Во него има прилично конкретни формулации кои можеби не ни се допаѓаат на прв поглед, но се добри како компромис за да се утврди дека постои различно мислење во двете држави и кај двете народи по одредени прашања, но и механизам за надминување на тие прашања, рече Маричиќ.

Тој додаде дека очекуваат формирање на влада во Бугарија која ќе биде кредибилен политички партнер со кој ќе може да се воспостави контакт за дијалог.

Во дебатата Маричиќ кажа дека опозициската партија во 11 години на власт испорача изолација и сиромаштија и држава од која сите сакаат да заминат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот