Маричиќ – Бомгартнер: Франција подготвена да ни помогне во реформата на правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово се сретна со Сирил Бомгартнер, новиот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија. На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се разговарало за продлабочување на соработката на двете земји во делот на правосудството, но и француската помош во однос на европските интеграции на земјава.

-Министерот Маричиќ, во светло на случувањата околу очекуваниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија, на амбасадорот му кажа дека Владата изминатите години многу вложила за подобрување на односите со соседната земја и бугарскиот народ, се наведува во соопштението.

Маричиќ истакнал и дека новата методологија за преговори која се направи токму по француска иницијатива е добра можност низ преговарачкиот процес да се направи голема трансформација на државата.

Министерот Маричиќ го запознал Бомгартнер и со сите чекори кои ги презема Министерството за правда со цел подобрување на етиката, одговорноста и транспарентноста на целиот правосуден систем.

– Сите идни чекори кои ќе ги преземеме за подобрување на работата на правосудството сакаме да се во координација со нашите европски партнери. Дополнително и оние промени кои сега ги правиме исто така се во тесна соработка со ЕУ, истакнал Маричиќ.

Бомгартнер понудил техничка, финансиска и институционална помош за забрзување на процесот на реформи во правосудниот систем. Двајцатасоговорници се согласиле ваквите средби да продолжат и во иднина и да има поинтензивна соработка за прашањата кои се во надлежност на Министерството за правда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот