Марибор: Сите ученици од едно одделение во карантин, ученик позитивен на Ковид-19

Ова е прв потврден случај во Марибор по еден месец.

Ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор Словенија, се ставени во 14-дневен карантин, откако на еден од учениците му бил дијагностициран Ковид-19.

Според неофицијалните извештаи на медиумите, момчето било тестирано откако било потврдено дека неговата мајка е заболена од вирусот, а тоа немало никакви симптоми на болеста.

„Мора да бидеме крајно внимателни, така што учениците од тоа одделение остануваат во карантин наредните 14 дена, додека сите други ученици и вработени сè уште можат да доаѓаат на часови нормално, со спроведување на превентивните мерки како и досега“, изјави за весникот „Вечер“ во Марибор Лидија Тодоровиќ, директорка на ОУ „Лудвик Плибершек“.

Ова е прв потврден случај на коронавирус во вториот по големина словенечки град по еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот