Маргот Роби се пошегува за Мегзит, а Вилијам само нервозно се смееше (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Кембриџ нервозно се смееja на шегата на Маргот Роби за Мегзит за време на говорот кој го одржа на BAFTA наградите.

Кејт и Вилијам беа почесни гости на 73-то доделување на наградите за Британската филмска академија кое се одржа во Royal Albert Hall. Наградата за најдобар спореден актер ја освои Бред Пит за улогата во филмот „Once Upon A Time In Hollywood“.

Скарлет Јохансон после прогласувањето откри дека Пит не можел да дојде и наместо него наградата ќе ја подигне неговата колешка од филмот Маргот Роби. Додека ги отвораше листовите со говорот кој според нејзините зборови, го напишал Бред, Маргот се извини во негово име и рече дека отсуствува поради приватни обврски.

„Тој вели: Здраво Британијо, слушам дека штотуку стана слободна, добре дојде во клубот. Ти посакувам сè најубаво во преговорите за разводот бла бла бла “, започна Роби.

Откако им се заблагодари на Академијата, на Тарантино и на останатите, Маргот ја зема статуетката.

„Вели дека ќе ја нарече Хари, бидејќи е многу возбуден што ќе се врати во Америка. Негови зборови, не мои“, се пошегува, а камерите се префрлија на Кејт и Вилијам кои се смееја. Кејт фрли поглед кон Вилијам, а британската јавност претпоставува дека му било прилично непријатно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот