Маргот Роби официјално стана актерката со најмногу понудени улоги во Холивуд: Таа е најактивна на сцената во последните 5 години!

инстаграм

Актерката Маргот Роби во светот на Холивуд се проби со улогата на згодната Наоми од „The Wolf of Wall Street“ каде глуми со неповторливиот Леонардо Дикаприо. Но, оваа атрактивна Австралијанка се занимавала со глумата долго пред тоа. Професионално започнала со глумата кога глумела во два филма на I.C.U и Vigilante, двата режирани од страна на Арон Еш. Тогаш се уште немала агент, но го воодушевила режисерот и добила улога. Нејзиниот пат до Холивуд бил експресен и импресивен. За само 5 години снимила неверојатни 19 филмски проекти во кои до израз дошле нејзиниот талент и професионалност.

View this post on Instagram

?

A post shared by @ margotrobbie on

Со тоа службено ја обезбедила титулата на највработуваната актерка во Холивуд. Според анализата на PartyCasino, 29-годишната дама одглумила дури во 15 проекти, додека 2 улоги и припаднале како пократки и споредни, а на еден филм работела и како продуцентка. Тука е и улогата во еден краткометражен филм.

Кога сето тоа ќе се собере, Робие е жена со најмногу понудени улоги во Холивуд во последните 5 години. Со тоа позади себе остави многу поискусни и повозрасни колешки како што се Никол Кидман и Натали Портман, кои го заземаа второто и третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот