Марго Роби прозборе за бракот и различностите со својот сопруг Том Акерли

epa-efe
epa09160379 Margot Robbie arrives for the 93rd annual Academy Awards ceremony at Union Station in Los Angeles, California, USA, 25 April 2021. The Oscars are presented for outstanding individual or collective efforts in filmmaking in 24 categories. The Oscars happen two months later than originally planned, due to the impact of the coronavirus COVID-19 pandemic on cinema. EPA-EFE/Chris Pizzello / POOL

Марго Роби неодамна гостуваше во шоуто „The Late Late Show“ и прозборе за нејзиниот сопруг Том Акерли. Актерката го сподели овој редок увид во личноста на нејзиниот сопруг кој е продуцент.

Имено, Маргот се омажи во 2016 година и оттогаш го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Парот се запознал на снимањето на филмот „Suite Francaise“ во 2014 година.

Роби објасни дека пораснала околу „купишта див свет“ во Австралија и се навикнала да гледа влекачи. Акерли? Не толку многу.

Мојот сопруг мрази змии“, му рече ѕвездата на водителот Џејмс Корден. „Тој е Англичанец. Вие очигледно немате влечуги во Англија. Но, насекаде се! Јас живеам во Лос Анџелес, пред некој ден во градината ни се појави змија од 2 метри… Тој за малку ќе добиеше инфаркт“, вели актерката за нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbie)

Јас бев многу посветена на „сингл“ живот. Ми се повраќаше од врски“, во една прилика изјави актерката.

И тогаш се појави ова, скоро неосетно. Долго време бевме пријатели. Отсекогаш бев за вљубена во него, но си мислев: „Никогаш нема да ме сака. Не прави чудни работи, Марго. Не биди глупава и кажи му дека ти се допаѓа“. И тогаш се случи, и мојата реакција беше: „Се разбира дека сме заедно. Ова има толку многу смисла, ништо пред ова не било вака“, вели Роби.

Видео на денот