Маргарита Цаца Николовска: Метју Нимиц да се вклучи во толкувањето на Договорот од Преспа

Цаца Николовска

По координираниот државен став, дека неизбежно е Преспанскиот договор да се стави на „чекање“, поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, во изјава за „Слободен печат“ вели дека сега на ред е меѓународниот елемент кој застана зад Договорот, вклучувајќи го тука и посредникот во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц, да го протолкува Договорот.

– Еден дел од Договорот е врзан за договорот, друг дел не е врзан. Треба да се анализира секој член од Договорот, треба посебно да се толкува па да се каже што треба да се извршува, а што да се чека. Дел од тие нејаснотии треба да ги објаснат изготвувачите и потпишувачите на Договорот, но и меѓународниот експерт кој беше присутен за цело време додека се изготвуваше. Не само за пишаниот текст, туку и за содржината и за тоа што стои зад Договорот која му беше целтта. Ако има неусогласености во толкување на Договорот, тогаш треба да се вмеша и подготвувачот на тој договор, односно меѓународиот елемент кој застана зад Договорот вклучувајќи го посредниокот во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц – вели Цаца Николовска.

Според неа, доколу не може Нимиц, тогаш Договорот треба да го протолкува некој друг од негова страна кој учествувал во креирањето на овој документ. Нејасно е и дали имало тело кое Нимиц го водел и дали имало други меѓународни експерти. Николовска појаснува дека тоа беше долга постапка.

– Доколку дојде до контра толкувања, постапката е посложена и многу повеќе лица треба да се инволвираат, не само потпишувачите на Договорот. Има целата наука за толкување на меуѓнародните договори, добра воља, толкување на стандарди, целокупна анализа. Мора да се знаат кои се тие точки, кои едниот ги толкува вака, а другиот така, дури и во самот Договор има член како да се толкува – вели Цаца Николовска

По изјавите на шефот на државата Стево Пендаровски и на министерот за надворешни работи Никола Димитров, дека употребата на новото име ќе „почека“ се додека не почнат преговорите со ЕУ, вчера и премиерот Заев излезе со ист став. За грчкото издание „Еуроњуз“ во Скопје, премиерот појасни дека одлуката да не започнат преговорите за пристапување во Унијата може да го доведе во опасност спроведувањео на Преспанскот договор, бидејќи двата процеса биле меѓусебно поврзани.

„Одредени поглавја ќе бидат замрзнати затоа што тие не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но тие се поврзани едно со друго“, рече Заев, нагласувајќи дека спорните поглавја главно се однесуваат на домашната употреба на новото име на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот