Марфи: Украина може да стане нов Авганистан за Русија

Владимир Зеленски и Владимир Путин
Владимир Зеленски и Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH/YURI KOCHETKOV

Темата Украина викендов се дискутираше интензивно по американските медиуми и главните телевизии Фокс Њуз и Си-ен-ен имаа опширни емисии за ова, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Членот на Комисијата за надворешна политика, сенаторот Крис Марфи од Конектикат, предупреди дека Украина „може да стане нов Авганистан” за Русија ако Москва продoлжи понатаму со своите дејства.

– Украина може да стане нов Авганистан за Русија ако таа одлучи да оди понатаму. Се надевам дека видеосредбата на претседателот Џо Бајден и претседтелот Владимир Путин ќе донесе резултат. Но дозволете да кажам, ако Русија сепак одлучи да оди понатаму во Украина, тоа ќе биде грешка од историски димензии за Москва, тоа ќе стане нов Авганистан за неа, изјави сенаторот во синоќешна емисија за Си-ен-ен.

Тој укажа дека Конгресот треба да разбере дека САД се дипломатски, воен и политички партнер за Украина.

– Имаме намера да ѝ даваме на оваа земја значајна воена помош за да се заштитува, изјави сенаторот.

Марфи ги обвини републиканците дека блокираат нацрт закон за пружање помош на Украина во вид на огнено оружје.

Лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, укажа дека најпрвин треба да се усвои поправка на Законот за национална одбрана за да се блокира проектот гасовод „Северен поток”. Тој го обвини Бајден дека со тоа што ги отстранил пречките за санкции за овој проект, му дал одврзани раце на Путин да прави што сака во Европа.

– Овој проект уште повеќе ќе го рашири неговото влијание и уште повеќе ќе ги збогати неговите соборци. Затоа се надевам дека Сенатот ќе разгледа поправка на законот за да се санкционира гасоводот и да се пружа помош на Украина во вид на поставки на огнено оружје, изјави Меконел неодамна.

Сенаторката-републиканка Џони Ернест од Ајова, на Фокс Њуз го повика Бајден да биде крајно јасен и агресивен во обраќањето до Путин.

– Тој треба да му каже на Владимир Путин дека нема да дозволиме проектот „Северен поток“ да заживее. Тој треба да знае и да разбере дека ќе ја зашитиме Украина, и ќе и даваме помош. Бајден треба да даде до знаење за тоа, изјави сенаторката, член на Комитетот за вооружени сили.

Таа истакна дека е потребен отпор „за крајно агресивните дејства на Москва“.

Извор: МИА

Бајден до Путин: Русија ќе плати висока цена ако ја нападне Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот