Марфи: САД не треба да се мешаат во растечките тензии помеѓу Иран и Саудиска Арабија

САД не треба да се мешаат во растечките тензии помеѓу Иран и Саудиска Арабија, напиша денеска на Твитер американскиот демократски сенатор Крис Марфи.

Неговите коментари доаѓаат откако Хути милитантите од Јемен извршија напади со дронови на саудиските рафинерски инсталации, прекинувајќи речиси половина од производството на нафта во Саудиска Арабија, по што се поремети светското снабдувањето со нафта и цената на црното злато порасна.

Според сенаторот, нападот на исламската шиитска секта наречена Хути, која моментално ја држи власта во Јемен по војната во 2014 и 2015 година, е дел од пошироката конфронтација помеѓу Иран и Саудиска Арабија.

– Саудиска Арабија изврши притисок во северн Јемен со населување на вахабисти за да го прошири сунитскиот ислам во тој дел и да ги поттисне Хутите – истакна Марфи.

Саудиски напади се чести во тој дел и кај јеменските бунтовници поддржани од Иран во текот на послендите две децении се појави голем отпор против Ел Ријад.

Сенаторот е убеден дека дроновите биле обезбедни од Иран, и ја повика американската влада да не се меша во овој внатререлигиски конфликт на арабскиот полустров, кој се одвива уште од времето на создавањео на Саудиска Арабија во 1932 година кога „кралството окупира јеменска теритрија што предизвика пограничен конфликт” кој трае до денес.

Според него, за време на војната во Јемен, кога регуларните владини сили (помогнати од Ел-Ријад) беа победени од Хутите, загинале 100 илјади луѓе, „по што уште 100 илјади деца умреа од глад и болести како колера, поради оштетеното водоснабдување и немање пристап до чиста вода за пиење”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот