Мареј со решавачка тројка во последната секунда го реши Портланд

Денвер нагетс ја забележа третата победа по ред во НБА лигата/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Денвер успеа да слави на гостувањето против Портланд со 120-121, на средбата во која видовме уште еден дуел на Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ. Српскиот центар беше далеку поуспешен, на моменти со леснотија си поигруваше со асот од БиХ, но улогата на херој на крајот му припадна на Џамал Мареј, кој погоди тројка со звукот на сирената и му ја донесе победата на Денвер.

Јокиќ беше главна фигура кога станува збор за поените, реализирајќи 33 поени, со 10 скокови и 9 асистенции, а добра помош имаше од Мареј со 21 и Гордон со 20 поени. Лилард беше најефикасен на натпреварот со 40 постигнати поени, но и тоа беше недоволно за Портланд да избегне пораз на овој натпревар.

Мајами во голема битка успеа да слави над ЛА Клиперс со 115-110, благодарение на одличната последна четвртина што домаќините ја добија со 31-23, успевајќи во клучните моменти да го свртат резултатот во своја полза. Адебајо беше импресивен со 31 поен и 10 скокови за „жешките“, Батлер реализираше 26, додека прв стрелец на клиперси беше Пол Џоџ, кој го заврши натпреварот со 29 поени, осум скока и седум асистенции.

Резултати НБА:

Мајами – ЛА Клиперс 115-110, Сан Антонио – Хјустон 118-109, Портланд – Денвер 120-121.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот